| четврток, 6 декември 2018 |

Ден пред настап, откажан концертот на „Рудиментал“ во Охрид

Mенаџментот на „Рудиментал“ во последен момент прати соопштение до организаторите на концертот во Охрид „Прагма продукција“, во кое информира дека овој британски драм енд бејс состав, поради неодложни оправдани приватни причини го откажува својот настап закажан за 2 август во Охрид.

Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите се обидоа во овие 24 часа да најдат соодветна замена. За таа цел, наместо нив, на 2 август со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото Milk and Sugar. Освен сетот на овие двајца извонредни диџеи со неброени настапи на Ибица, посетиелите ќе добијат и бесплатен пијалок по сопствен избор. Пред нив пак, на први август свој настап има и Том Нови, диџеј кој што веќе се докажа пред македонската публика.

Сите оние кои што сакаат рефундирање на средствата за веќе купените влезници за Рудиментал, истото можат да го направат на продажните места од каде што ги купиле влезниците.

Оние што сепак ќе одлучат 2 август да го прослават на Немо, освен во настапот на Milk and Sugar, ќе уживаат и во диџеј сетот на американскииот диџеј од Њујорк Francis Mercier, како и во сетот на нашиот диџеј Бабура. Журката освен со 4цата диџеи ќе биде богата и со бесплатен пијалок по сопствен избор.

„Прагма Продукција“ жали за откажаниот настап на еден од најдобрите драм енд бејс бендови на денешницата, но причините несомено ги спречуваат навреме да стигнат до Охрид. Воедно ветува незаборавна празнична журка со дуото Milk and Sugar.

Настапот на Рудиментал останува да се реализира од месец септември некаде во Скопје, за да се реваншираат на публиката која што со нетрпение ги очекуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top