Пред да потрошите куп пари на новиот фустан за закажаната свадба на пријателите, добро е следниве 5 правила да ги земете предвид.
Не помислувајте на бел фустан
Сосема е во ред да се информирате во што ќе биде облечена невестата. Ако носи бела венчаница заборавете на бел фустан. Всушност на бел фустан заборавете воопшто како модно решение за една гостинка на свадба, дури и ако невестата носи розова, црвена или сина венчаница. Не купувајте фустан во иста боја со невестата.
Не експериментирајте со стилот
Свадбата на пријателката не е соодветно време да направите еден стилски експеримент. Тоа вклучува и избегнување на ексцентрични избори. Не треба вие да бидете во центарот на вниманието, дури и ако изгледате смешно. Заборавете на пренагласените фризури, бојадисување на косата во тренди „виножито“ стил, драматична шминка и слични впечатливи „детаљи“.
Не купувајте супермини фустан
Не одите во диско туку на свадба, па дури и ако свадбата се случува во дискотека одберете помирна варијанта на фустан кој е со пристојна должина. Ниту премногу мини, ниту претесен.
Не купувајте фустан каков што ќе носат деверушите
Освен со бојата на фустанот кој го носи невестата, водете сметка да не се совпаднете ниту со моделот или бојата на фустаните кои ќе ги носат деверушите. Обично тие се розови.
Не коментирајте ги фустаните на другите гости
Колку и да сте задоволни од вашиот моден избор, не однесувајте се снобовски.
Макмода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.