| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Спокоен сум што и моите деца наскоро ќе учат по овој современ концепт

Со по­че­то­кот на но­ва­та учеб­на го­ди­на ќе се спро­ве­дат не­кол­ку но­ви ра­бо­ти, за кои по­долг пер­и­од пра­вев­ме ана­ли­зи и оце­нив­ме де­ка е по­треб­но и де­ка по­стои про­стор да се спро­ве­дат, да би­дат до­бро при­фа­те­ни и да до­не­сат одре­де­ни при­до­би­вки на по­кра­ток или на по­долг рок, најави министерот за образование и наука Спиро Ристовски во интервјуто за неделникот „Република“.

– Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та го­ди­на ста­на единс­тве­на­та зем­ја и ли­дер во ре­ги­о­нот, ко­ја го спро­ве­де еден од нај­ква­ли­тет­ни­те обра­зов­ни си­сте­ми, Кем­бриџ. Уче­ни­ци­те од пр­во до тре­то од­де­ле­ние ве­ќе ги изу­чу­ва­ат пред­ме­ти­те ма­те­ма­ти­ка и при­род­ни на­у­ки по це­лос­но но­ви на­став­ни про­гра­ми и учеб­ни­ци на Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за на­став­ни про­гра­ми на Кем­бриџ, пра­ктич­но нај­го­ле­ми­от свет­ски про­вај­дер на ме­ѓу­на­род­ни обра­зов­ни про­гра­ми и ква­ли­фи­ка­ции за де­ца на во­зраст од пет до 19 го­ди­ни, чи­и­што про­гра­ми се при­фа­те­ни во 160 зем­ји и во по­ве­ќе од 9.000 учи­ли­шта – вели Ристовски.

Во но­ва­та учеб­на го­ди­на про­дол­жу­ва­ над­град­ба­та на оваа круп­на ре­фор­ма, од­нос­но по учеб­ни­ци­те на Кем­бриџ ќе учат и уче­ни­ци­те од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а од 2016/2017 го­ди­на ќе би­дат оп­фа­те­ни и уче­ни­ци­те од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние.

– Со ова, пра­ктич­но, ги ели­ми­ни­ра­ме си­те ди­ле­ми да­ли одре­ден учеб­ник или про­гра­ма е до­бра или не и да­ли со­од­вет­ству­ва на во­зра­ста на уче­ни­кот или не. Мо­рам да приз­на­ам де­ка на­ви­сти­на ми е дра­го и спо­ко­ен сум што и мо­и­те де­ца, во мно­гу ско­ро вре­ме ќе учат по овој це­лос­но нов и со­вре­мен кон­цепт. Та­ка што, оваа ре­фор­ма би ја ко­мен­ти­рал ка­ко најз­на­чај­на, иа­ко има и ни­за дру­ги – смета министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top