| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон им „ја вети“ Куба на Американците

Hillary ClintonПоранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон и кандидат за претседателската номинација на американските демократи го повика американскиот Конгрес да стави крај на американското ембарго против Куба.

Клинтон истакна дека ако таа биде избрана за претседател на САД ќе го направи за Американците полесно патувањето во Куба.

– Ембаргото против Куба треба да се укине еднаш засекогаш, рече Клинтон за време на посетата на Флорида, од каде потекнуваат двајца од кандидатите за републиканската претседателска номинација, кои се противат на приближувањето на САД со Хавана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top