| четврток, 6 декември 2018 |

Белград во состојба како пред Дејтон и пред Рамбуе

белград дејтон 3Драма како пред Дејтон и Рамбуе- ова е оценката на советникот на претседателот на српската држава, Mарко Џуриќ по состанокот на државниот врв по осмата рунда преговори.

„Се наоѓаме во драматично тешка ситуација како пред преговорите во Дејтон и во Рамбуе. Државниот врв ќе биде во непрекинато заседание до преговорите, вели советникот на претседателот. Дури и составот на делегацијата која што на втори април ќе замине во Брисел ќе се соопшти во понеделник, ден претходно.

Политичката одговорност ќе биде поделена меѓу сите чинители, додава Џуриќ и оцени дека Србија и граѓаните ќе се соочат со тешки последици, каков и да е исходот од Брисел. Прашан што мисли под „Драматично“ и „Последици“, тој вели дека Србија е во недоумица. „Еден пат води кон прифаќање решенија кои не се идеални и кои се многу тешки за Србија. На другата страна нема подготвеност за компромис па и ние не сме во позиција да го прифатиме она за што се преговара“.

Најважно, според него е српската делегација на втори април да има можност да ги процени елементите кои ги нуди другата страна за да може да се донесе одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top