| четврток, 6 декември 2018 |

Ансамбл „Македонија“ освои Гран-при во Полска

Фестивалот во Полска е рангиран на високо уметничко ниво со одлична организациска концепција и реализација со натпреварувачки карактер и со одлична можност за компаративно согледување на сценското презентирање на традицијата на 25 фолклорни ансамбли од Балканот, Европа и од Азија

Ансамблот „Македонија“ од Скопје ја освои првата награда, Гран-при на 8. Интернационален фестивал во Бјалисток, Полска, кој се одржа од 21 до 27 јули.

Ансамблот „Македонија“ неколку години ја негува и презентира македонската орска и музичка традиција.

Фестивалот во Полска е рангиран на високо уметничко ниво со одлична организациска концепција и реализација со натпреварувачки карактер и со одлична можност за компаративно согледување на сценското презентирање на традицијата на 25 фолклорни ансамбли од Балканот, Европа и Азија.

Ансамблот „Македонија“ пред полската публика одржа целовечерни концерти во градовите Граево и Соколка, како и концерт на големата сцена во Бјалисток.

На овие концертни промоции македонската традиција беше претставена преку сценски адаптации од пределите Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Мала Река и Пијанец како и муизичката традиција на градот Скопје со различни автентични носии од пет етнички предели и градска носија од модните стилови ала Турка и ала Франга од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Традиционалното мијачко оро „Тешкото“, свадбената песна „Добро дошле, китени сватови“, соборските ора „Црногорка“, „Баба Ѓурѓа“, „Потрчано“ како и динамичното оро „Копачка“ од пределот Пијанец, беа проселедени со огромно задоволство и емоции од полската публика.

Од 23 земји-учеснички во сценското натпреварување, само девет беа селектирани и рангирани во финалето на фестивалот. Осум групи финалисти добија награди за учество во финале, а ансамблот „Македонија“ го доби специјалното Гран-при.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top