| четврток, 6 декември 2018 |

Коки: Жал ми е што на крајот не се испратив со Дуле, таква беше болката и кај него и кај мене

Има многу работи што останаа искажани и недоискажани, вели Николче Јанков – Коки во интервјуто за  августовскиот број на „Убавина и здравје“, зборувајќи за искуството од двете децении поминати со Душан Љубисављевиќ – Дуле, во дуото „Дуле и Коки“.

– Просекот беше околу 130-150 (некогаш и повеќе) настапи во годината, 20 години наназад, три објавени албуми и еден необјавен. Во тоа време, па и сега, репер за нечија популарност беше да се наполни „Универзална сала“. Ние се смеевме, затоа што секој викенд во Струмица, Охрид, Кавадарци, Штип, Скопје, полневме по четири Универзални сали. Практично, на нашите настапи доаѓаа од 1.000 до 4.000 луѓе. Си имавме свои задолженија, јас повеќе околу снимањата и организацијата на настапите, но ако некој знаеше како треба со публиката, тоа беше Дуле. Жал ми е што на крајот не се испративме, таква беше болката и кај него и кај мене – вели Коки, кој во моментот е актуелен со неговата нова група „Тајфата“.

– Мислам дека македонската јавност заслужува да добие едно цеде со најдоброто од „Дуле и Коки“ – додава тој.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top