Двајца турски полицајци беа убиени денеска во реон на јужниот град Адана во нов напад што им се припишува на курдските бунтовници.
Припадници на ПКК нападнаа државен објект во градот Позанти по што полицијата одговори на огнот. Во престрелката беа убиени двајца полицајци.
Откако на 20 јули почна нов бран насилства во Турција, најмалку 13 војници или полицајци беа убиени од кои тројца вчера во напад врз воен конвој во југоисточна Турција.
Најголем дел од нападите се извршуваат во југоисточна Анадолија во окрузите во близина на северен Ирак каде бунтовници на ПКК имаат засолништа.
Денешниот напад беше извршен во позападниот дел во реон често посетуван од туристи. Во одговор, турската армија секојдневно гранатира позиции на ПКК во северен Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.