| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Оружен грабеж во Москва, настрадаа бизнисмени

pljackaДвајца бизнисмени се тешко повредени во престрелката при грабежот пред руската Сбербанк. Бизнисмените утрово излегле од банката носејќи голема сума на пари од 5 милиони рубљи (80 000 евра). Крадците веројатно биле запознати со планот на бизнисмените. Ги очекувале клиентите да излезат од канцеларија со парите, за веднаш да пукаат кон нив. Двајцата биле тешко повредени, а напаѓачите со парите избегале.

Според руските медиуми не се знае точната сума на ограбени пари, бидејќи е можно двајцата настрадани да повлекле пари и од други банки пред да паднат во заседата. Организацијата и резултатот од грабежот зборуваат дека најверојатно имало многу повеќе пари од пријавените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top