Американски полициски офицер снимил видео порака до крадецот кој крадел од супермаркет и ресторан кој што бил омилен на неговата сопруга. Крадецот влегол во заедничките простории откако го скршил излогот на ресторанот.
-Ако си ти тој што го сторил овам, погледни ме синко, тебе ти зборувам. Шерифот го сака овој ресторан а и јас исто така. Храната е добра, а луѓето се пријателски расположени. Ќе те идентификуваме, уапсиме и ќе те сместиме во мала ќелија. Потоа, тука ќе изедам чизбургер, компирчиња и сок и ќе оставам добар бакшиш за келнерката. Во меѓувреме твојот следен оброк ќе биде послужен низ малата дупка на вратата на ќелијата, бидејќи е најден ДНК на каменот кој си го употребил и си оставил совршен отпечаток од чевлите на вратата која си ја клоцнал- гласи пораката на офицерот.
Како награда за фаќањето на крадецот понудени се 1000 долари, а шерифот порача дека крадецот ќе го издадат пријателите заради наградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)