Во центарот на Белград залепени се антисемитски плакати со кои Евреите се посочуваат како одговорни за бомбардирањето на Србија во 1999 година. Нацртан е авион бомбардер со Давидовата ѕвезда и слики на срушени згради на Генералштабот и мостот на Дунав во Нови Сад, со натпис “14 години од НАТО бомбардирањето, нивниот терор сеуште трае”. На плакатите стои и седиштето на екстремно десничарска партија, пренесува Нова Македонија.
Градоначалникот на Белград, Драган Џилас апелираше на сите белграѓани да ја почитуваат вредноста на демократското општество во кое живееме, и додаде дека треба да се одржи духот на толеранција и почитување, по што Белград бил познат.
-Белград и цела Србија се горди на својата антифашистичка борба и слободарско минато, на кои ваквите нецивилизирани постапки им фрлаат дамки- истакна Џилас, кој најави расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


