Бевме принудени да донесеме тешки одлуки, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на централниот комитет на владејачката партија СИРИЗА.
– Моравме да избираме меѓу болен компромис и банкрот – рече Ципрас и додаде дека го направил најдоброто во интерес на грчкиот народ и работничката класа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Ципрас предложи вонреден партиски конгрес во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



