| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва премиера на „Невозможна мисија“, a Том Круз веќе работи на шесто продолжение

Македонската компанијата за анимација и за визуелни ефекти ФХ3Х објави уште една успешна соработка и учество во визуелните ефекти, овој пат на петтото продолжение на популарната „Невозможна мисија“ на Том Круз, наречено „Одметници“ (Rogue Nation).

– За првпат станавме дел од оваа серија и на овој проект работевме во текот на февруари и март годинава, со тим од дваесет артисти. „Невозможна мисија“ е на листата на најуспешни франшизи бидејќи досега претходните четири заработија повеќе од две милијарди американски долари на глобално ниво. Филмот е брз и динамичен, возбудлив и полн со адреналин, и промовира софистицирана технологија, меѓу другото, системот „конект драјв“ на БМВ, кој се користи во фантастични автомобилски егзибиции, кои со нетрпение ги очекуваме – вели Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х.

Филмот вечерва премиерно ќе биде прикажан во „Синеплекс“. Според прогнозите, се очекува да заработи меѓу 40 и 50 милиони американски долари во првиот викенд низ киносалите во САД, што е во рамките на претходните делови, но малку повеќе од претходниот „Протокол Дух“ кој заработи околу 30.

Том Круз во интервју за „Дејли шоу“ на Џон Стјуарт му откри дека веќе се работи на новиот, шестти дел од „Невозможна мисија“, кој ќе почне со снимање следното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top