Поранешниот британски министер Ендрју Мичел го тужи лондонскиот весник „Сан“ за објавување детали од неговата расправија со полицајците го чуваат влезот во „Даунинг стрит“ каде се наоѓа кабинетот на британскиот премиер и каде владата ги одржува седници. Мичел поради неговата остра расправија со полицајците мораше да поднесе оставка, под силен притисок на лондонските весници. Тој признава дека се расправал, кога полицајците не му ја отвориле големата влезна врата за да излезе од уличката со својот велосипед.
Мичел, меѓутоа, тврди дека не ги навредувал полицајците и не ги употребил зборовите што ги користи „Сан“ во својата приказна за инцидентот. Весникот откри дека арогантниот министер, лут на полицајците ги нарекувал „обичен плебс“. Мичел тврди дека тој и неговата конзервативна партија се намерно изложени на кампањата што ја покренал весникот,како и дека „Сан“ сакал да му ја уништи кариерата. „Сан“ соопшти дека останува на својата верзија од написите и навести остра борба за одбарана на новинската вистина. Полициајците по инцидентот од септември минатата година објаснија дека големата врата од безбедносни причини, се отвара само за автомобилите, а никогаш за велоспидести.
Скотланд Јард во меѓувреме води своја истрага околу тоа кој од полицајците им ги открил деталите на расправијата со министерот. Тројца од единицата задолжена за чување на државните институции, веќе се притворени и ќе мора да се јават пред суд за изнесување на службени информации во јавноста.
Малата „слепа“ уличка „Даунинг“ од 70-те на 20 век е затворена со голема железна врата и ја чуваат полицајци по терористичката кампања на ИРА од пред 40-тина години. Во неа покрај премиерската резиденција има само уште една куќа, во која по традиција се сместува министерот за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


