| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнатата жена била лице со психички проблеми

Полицијата ја пронајде исчезнатата жена по која трагаше изминатите 12 часа, откако беше пријавено нејзино исчезнување.

Според првичните информации, жената е пронајдена жива во езерските води во близина на поранешниот хотел Парк, но засега без детали за нејзината здравствена состојба.

Инаку, се работи за средновечна жена во педесеттите години, со психички проблеми, инаку лице кое и порано било пријавувана како исчезнато.

Полицијата заедно со тимови на спасувачките служби при Општинската организација на Црвениот крст од Охрид од рано изутринава почнаа да трагаат по неа, откако некаде во 1 часот било пријавено нејзиното исчезнување. Поради неповолни услови потрагата била прекината околу 3.30 часот за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово и трае до 10 часот утрово, при што биле пребарани над 20 илјади метри квадратни површина околу местото, за кое постоеле индикации дека жената влегла во Охридското езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top