Поранешниот португалски репрезентативец Мачадо направи неприфатлив гест покажувајќи го средниот прст кон публиката на „Максимир“, а потоа заслужено доби црвен картон, веднаш откако излезе од игра. Динамо одигра блед меч против Молде на домашен терен и има скромни 1-1 пред реваншот, а Мачадо веројатно беше најслабата алка во тимот.
Во 65. минута Португалецот беше заменет, а при излегувањето од терен се однесуваше непристојно кон публиката и покажа среден прст, а патем и провоцираше со веќе видена гестикулација.
Потпретседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ најави дека Мачадо ќе биде строго санкциониран, па можно е да му биде раскинат и договорот. Мачадо има одиграно 6 натпревари за португалската репрезентација и е еден од најскапоплатените играчи на Динамо Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)