| четврток, 6 декември 2018 |

Турските судови под закана од можни терористички напади

Турското Министерство за правда испрати писма до сите судски институции во земјата во кое предупредува од закана за можни терористички напади, објави турскиот весник „Радикал“.

59195_1028-turska-policija-foto-reuter_f

Предупредувањето се темели на разузнавачка информација, според која е можно „сепаратистичка терористичка организација“ да изврши вооружени или бомбашки напади врз судовите.

Весникот наведува и дека минатата недела министерството за правда ги предупредило магистратите и за потенцијална опасност од киднапирање на државни службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top