Гостинските екипи забележаа дури 4 победи на деветте стартни дуели од третата квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите.
Домашните екипи имаа многу помалку успех и прокнижија само еден триумф, тој на Панатинаикос против Бриж со 2-1.
Со ист резултат, но како гости во Данска славеа играчите на АПОЕЛ. Играчот што во претходното коло го урна Вардар со гол во Скопје, Томас Де Винсенти, овојпат беше прецизен во две ситуации и е најзаслужен за победата на Апоел против Митјиланд.
Резултати: ЦСКА Москва – Спарта 2-2, Митјиланд – АПОЕЛ 1-2, Милсами – Скендербег 0-2, Макаби Тел Авив – Плзен 1-2, Фенербахче – Шахтар 0-0, Панатинаикос – Бриж 2-1, Јанг Бојс – Монако 1-3, Видеотон – Бате Борисов 1-1, Динамо Загреб – Молде 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



