| четврток, 6 декември 2018 |

Анализите потврдија: Дунав поцрвенел од крв

645268_dunav-2-foto-moj-novi-sad_ffЦрвената течност што се излеа во петокот во Дунав во близина на Железничкиот мост е од органско потекло, јави Блиц.

Истражувањата на Институтот за јавно здравје на Војводина покажа дека најверојатно станува збор за крв, а конечните резултати ќе бидат објавени утре. Стручњаците во примероците нашле леукоцити и еритроцити, што укажува дека станува збор за крв, најверојатно од блиската кланица и дека не е опасно по здравјето.

– Досегашните резултати покажуваат дека станува збор за органско загадување. Слични случаи не сме имале порано – велат од Институтот за јавно здравје на Војводина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top