Тинејџерот Милан С.(17) од Болеч се удави додека неговата другарка и врсничка М.Л.од Лештани успеала да се извлече од автомобилот кој пред два дена упадна во Дунав на шеталиштето во Винчи.
Девојката плачела и викала: „Го убив другарот, ќе се убијам и јас“ и тоа го повторувала, раскажале очевидци на настанот.
Пријателите на девојката раскажале дека таа е во шок после трагедијата и дека не може да си дојде на себеси.
-Таа е под седативи. Само повторува дека автомобилот не е ист како оној на кој учела да вози – кратко рекле нејзини две другарки.
-Милан почина за време на несреќниот случај, но сепак пред тоа успеал да и го спаси животот на другарка му, која била со него во автомобилот-раскажале другарите на Милан кои се собрале да го испратат на вечното почивалиште.
Наводоно Милица се обидувала да вози, но наместо во рикверц, уфрлила во прва и автомобилот слетал во Дунав. Според неофицијалните информации Милана со брза реакција успеал да ја истурка Милица од автомобилот, но не успеал и тој да го напушти возилото.
-Упаднале во Дунав и водата почнала да продира. Милан со сета силина ја отровил вратата и својата другарка ја истуркал надвор, за да ја спаси. Силината на вода ја затворила вратата, а тој останал во металната кутија и се удавил на очиглед на луѓето кои се обидувале да му помогнат- раскажале неговите пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.