Бранко Вигневиќ од Белград шетал по снегот кога видел како куче е заглавено во ледениот и екстремно студен Дунав. Кучето безгрижно трчало во ледот, кој во еден момент пукнал и го повлекол кучето со себе.
Бранко решил да ја покаже својата хумана страна, па влегол во водата со уште еден човек и го изнел кучето од неа, пред тоа да се замрзне.
Сето тоа било фотографирано и објавено на социјалните мрежи, а овој потег на мажот од Белград секако наиде на лавина позитивни реакции и пофалби за добрината и хуманоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.