| четврток, 6 декември 2018 |

Кавани и Хара со идентична казна за инцидентот на „Копа Америка“

Уругвајскиот репрезентативец, Едисон Кавани, доби суспензија од два натпревара поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Чиле во рамките на „Копа Америка“. Голгетерот на ПСЖ го удри Гонзало Хара, но откако беа прегледани видеоснимките, Хара бил тој што го предизвикал инцидентот со ставање на прст во задникот на Кавани.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Јужна Америка, сепак, донесе одлука да го казнат Единсон Кавани со суспензија од два натпревара.

Интересно е што Кавани добива иста суспензија како и Хара, кој, за непромислениот потег беше осуден од целата фудбалска јавност во светот. Чилеанскиот репрезентативец прво доби казна да не игра во три меча, но потоа таа му беше намалена.

– Пораката што му се испраќа на Кавани со оваа казна е дека ништо во нашиот фудбал не е фер. Како може престапите на Кавани и на Хара да се третираат еднакво, ќе се најде ли некој да објасни – бесни се Уругвајците по обелоденувањето на суспензијата на нивниот голгетер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top