| четврток, 6 декември 2018 |

Депај „не сакајќи“ ја откри тајната на Луис ван Гал

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луис ван Гал најави дека до крајот на летниот преоден рок ќе доведе уште еден напаѓач во тимот, но името на фудбалерот не сакаше да го открие.
Сепак, новиот играч на „црвените ѓаволи“, Мемфис Депај „не сакајќи“ ја откри строгочуваната тајна на менаџерот постирајќи слика на друштвените мрежи заедно со Ромелу Лукаку.

depaj i lukaku

И тоа не би било голем проблем, доколку не искомтентираше, „се гледаме наскоро Б“.
Ова медиумите на островот го поврзаа како најава за евентуален трансфер на Лукаку од Евертон во редовите на Манчестер јунајтед.

По заминувањата на Фалкао и на Ван Перси, Манчестер јунајтед нема многу опции во нападот, а во подготвителниот период се најавува враќањето на Вејн Руни како играч што ќе игра најблиску до голот на противникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top