Бразилскиот интернационалец Фелипе Мело од Истанбул се сели во Милано во редовите на Интер. По долги преговори управата на шампионот на Турција, Галатасарај, се согласи да го продаде искусниот играч за врска за три милиони евра.
Како дел од овој трансфер во обратен правец ќе се упати јапонскиот репрезентативец Јуто Нагатомо.
Мело веќе има искуство во Серија А, бидејќи веќе настапуваше во дресовите на Фјорентина и на Јувентус, пред во 2011 година да се пресели во Истанбул. За време на својата кариера играше и за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Сантандер и Алмерија.
Во Интер ова лето пристигнаа и Жофри Кондогбија, Миранда, Џејсон Мурилјо, Мартин Монтоја и Стеван Јоветиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.