| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на Трабзонспор во посета на вечниот дом на Петар Милошевски

trabz

Веднаш по пристигнувањето во Скопје за квалификацискиот натпревар од 3. коло во Лигата на Европа, делегација на турскиот Трабзонспор ќе го посети и гробот на македонската фудбалска легенда, Петар Милошевски. Трагично загинатиот голман ги бранеше и боите на Трабзонспор.

Во периодот од 1998 година до 2001 година Милошевски беше голман на Трабзонспор, оставајќи силна трага, која не се заборава.

Раководството на турскиот клуб, предводено од претседателот Ибраим Хаџиосманоглу, членови на управата но и претставник на играчите, за време на престојот во Македонија, како што пренесуваат турските медиуми, ќе го посетат и вечното почивалиште на еден од најголемите голмани во македонската фудбалска историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top