| четврток, 6 декември 2018 |

Фејзулаху: Општина Аеродром е претворена во Њујорк

Пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху, смета дека во текот на изминатите 15 години во албанските населби не се инвестира ништо, дури нема вода за пиење, ни канализација, додека според него населбата Аеродром е претворена во Њујорк, пренесуваат албанските медиуми.

albmediumiii

– Во македонските населби, конкретно скопски Аеродром е претворен во Њујорк, а пак во неколку албански општини по јавните чешми нема ни вода за пиење и граѓаните копаат и по 10 метри за да се обезбедат вода, истакна пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху.

Во општина Аеродром изминативе години беа спроведени низа проекти. Населбите во оваа општина доживеаја целосна преобразба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top