| четврток, 6 декември 2018 |

Стонер се „искрши“ на враќањето во Јапонија (видео)

Кејси Стонер доживеа стравотен пад на патеката „Сузука“ во Јапонија, која станува фатална за вљубениците во брзините. Поранешниот светски првак во класата Мото ГП по пауза од 3 години реши да им се врати на трките, но имаше голема незгода и пад при кој доживеа неколку скршеници на раката и на ногата.

На истата патека годинава стравотен инцидент имаше и пилотот во Ф1 Жил Бјанки, кој подоцна им подлегна на повредите.

Сепак Стонер за среќа преживеа, а и испрати фотографија на социјалните мрежи преку која потврди дека е во стабилна состојба.

kejsi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top