| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Џејкобс го промовираше новиот дизајн на диеталната „кока-кола“

Само една седмица откако беше објавено дека Марк Џејкобс е новиот креативен директор на диеталната „кока-кола“, дизајнерот ја откри неговата прва рекламна кампања за новиот дизајн на лименката.

Во Лондон ја откри и лимитираната колекција на шишиња диетална „кока-кола“, кои ќе бидат на продажба за колекционерите.

Тој беше облечен во црно-бела комбинација, а моделите, меѓу кои неговиот омилен Гинта Лапина, беа облечени како фигурите на шишињата.

coce2

Инспириран од трите декади постоење на овој производ, тој ги прикажа жените од 80-тите, 90-тите, па наваму, во препознатливиот Џејкобс стил. Триесеттиот роденден на диеталната „кока-кола“ годинава ќе се прослави со промоција на дизајнерската колекција шишиња и лименки во 11 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top