Големо засилување доби Арсенал во името на чешкиот голман Петр Чех. Со голем оптимизам навивачите на Арсенал го очекуваат почетокот на првенството кое треба да започне на 8.август бидејќи тимот во новата сезона влегува со значително засилување на голманска позиција.
Петр Чех донесе голем квалитет на голот на тимот на Венгер, но голема доза на самодоверба, храброст и елан во тимот знаејќи дека грбот им го чува еден најдобрите светски голмани.
Чехот покажа дека многу лесно по негова интервенција може да го разигра нападот, а тоа го докажа со одличната асистенција и дегажманот до еден од напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.