| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот втор човек во Парламентот, лордот Сеуел, снимен со дрога и со проститутки

Заменик-спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, лордот Сеуел е фатен како зема дрога заедно со проститутки, откако тајно снимени фотографии и тонски снимки за наркоманските сеанси во крајно сомнително и за него несоодветно друштво, објави лондонскиот „Сан он Сандеј“.

Снимките за пороците на овој 69-годишен британски политичар предизвикаа вчудоневиденост и шокираност во домашната политичка јавност. Лордот веднаш поднесе оставка на функцијата заменик-спикер, како и на претседателската функција во Комисијата за привилегии на Горниот дом.

Лорд Сеуал е оженет и семеен човек. Во Горниот дом на Парламентот е од 1996 година, а пред тоа беше пратеник и заменик-министер за Шкотска, во една од владите на лабуристичкиот премиер Тони Блер.

Сеуел сега се соочува и со полициска истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top