| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се, нè очекува најжешката недела во годината

сонце

Денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во источните делови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Температурата ќе достигне до 39 степени.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи во текот на неделата нè очекува уште повисокa температурa, преку 40 степени.

Земјава ќе биде под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневната температура, која во поголем дел од земјава ќе биде повисока од 35 степени, а во југоисточниот дел ќе достигне до 39 степени.

Особено топло се очекува кон средината на неделата, кога по Повардарието и во југоисточниот дел дневната температура ќе биде 40 степени.

Сè уште важат препораките за бремените жени и за хроничноболните лица постари од 60 години да се ослободени од работните обврски. А работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници на отворено при што да се избегнува во периодот од 12 до 17 часот.

Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top