Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Марио Ѓуровски повторно имаше свое шоу.
Ѓуровски со голем успех игра во Тајланд, каде е еден од најдобрите играчи на лигата. Тој често пати се наоѓа во центарот на вниманието, пред се поради неговите феноменални потези и голови, но и поради начинот на кој ги прославува погодоците.
Ѓуровски повторно успеа да предизвика вистинска хистерија на трибините и да им приреди уште едно шоу на навивачите на неговиот тим Муанг Танг Јунајтед на мечот со Сарабури.
Повремениот македонски репрезентативец на Македонија најнапред постигна феноменален гол кога од прва шутираше и го лобуваше противничкиот голман, а потоа дотрча до корнер знаменцето, го соблече дресот, се залета кон публиката, потоа со рацете и движењето на телото симулираше секс.
Судијата почека Ѓуровски да заврши со шоуто, а потоа му покажа жолт картон.
Инаку, тимот на Ѓуровски го доби овој натпревар со 2:0 и сега е на делба на првото место со Бурирам Јунајтед со по 37 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)