| четврток, 6 декември 2018 |

Кои правила на кралицата мора да ги почитува Кејт Мидлтон?

Иако војвотката Кејт Мидлтон собори некои правила кога е во прашање церемонијата на крштевска или објавување на фотографии на своите деца кои таа сама ги направила, некои правила на кралицата Елизабета мора да се почитуваат.

kejt midlton

Ретки се моментите кога Кејт Мидлтон смее да носи фармерки.

Таа е неколку години на листата на најдобро облечени жени, но изгледа дека кралицата има дел од тоа. Војвотката од Кембриџ не смее да носи лакови за нокти со дречливи бои, ниту пак е пожелно да носи чевли со отворени прсти. Секоја дама носи здолништа, но оние здолништа кои не ги откриваат колениците. Хулахопките се задолжителни, без разлика дали е лето или зима. Панталони се дозволени во посебни ситуации, а фармерки доаѓаат предвид само во приватно време и за игра со децата.

На Кејт и е советувано посебно внимание да посветува на косата и на веѓите. Негата е приоритет, но тука нема место за екстензии во косата и извлекување прамени во бои.

Модните додатоци исто така внимателно се одбираат. Кејт не смее да носи бижутерија, туку исклучиво накит од кралското семејство.

Што се однесува до чантите, се препорачува да ја носи во рака или до ниво на лакот. Никако не смее на раме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top