Новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци ќе биде осветена на 18 октомври 2015 година.
Информацијата ја потврди Герасим Кујунџиев, заменик генерален директор на компанијата „Фени Индустри“, која е најголем ктитор на црквата „Света Петка Параскева“.
– Чест и задоволство ми е што имам можност да соопштам дека Кавадарци на 18 октомври конечно ќе ја добие својата нова црква, преубавата „Света Петка Параскева“. По се што направивме, сигурен сум дека на дваесети октомври ќе биде вистински празник за сите кавадарчани, Македонци, но и за сите православни христијани кои ќе ни се приклучат на чинот на осветување на црквата „Света Петка Параскева“- заврши Кујунџиев.
Покрај подготовките за осветувањето, во наредниот период ќе се работи и на оплеменување и урбанизирање на дворот на црквата, како и на фрескоживописот, кој беше започнат пред една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци