| четврток, 6 декември 2018 |

По крвавиот напад, Тунис усвои нов антитерористички закон

Парламентот во Тунис со големо мнозинство гласови усвои нов антитерористички закон и покрај стравувањата од организациите за заштита на човековите права дека тој би можел да биде злоупотребен и да претставува закна за демократијата во оваа земја.

tunis2

Пратениците со 174 гласа го усвоија законот, 10 беа воздржани и никој не се изјасни против, што се гледа како знак на итност по двата терористички напада во Тунис во март и јуни, во кои загинаа 59 луѓе.

Со законот е заменет претходниот правен акт од 2003 година, а негова цел е олеснување на напорите во борбата против тероризмот.

Организациите за заштита на човековите права стравуваат дека со новиот закон ќе им биде даден имунитет на безбедносните сили и ќе бидат жртвувани постигнувањата на резулицијата од 2011 година поради стабилноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top