Конструктивните расправии се составен дел на секоја нормална врска – без разлика дали станува збор за љубовна, семејна или пријателска. Но, по расправиите, мошне често и двете страни се повредени па ги прават класичните грешки и наместо да ја стабилизраат ситуацијата, уште повеќе се оддалечуваат.
Еве на што треба да внимавате по расправиите:
1.Не ја игнорирајте личноста со која сте се скарале
Една од најголемите грешки е емотивната рамнодушност кон личноста со која сме се скарале, изтакнува психотерапевтот Рејчел А. Сусмен. Иако ви се чини дека со игнорирањето и со молчењето ја казнувате другата страна, вие запрао порачувате дека не сте во состојба да се носите со искрената размена на туѓите емоции.
Таа личност најверојатно ќе биде помалку склона искрено да ги покаже своите чувства во иднина. Наместо тоа подобро е да кажете нешто во стилот: „Моите чувства не испаруваат толку брзо како твоите, но дај ми 24 часа и верувам дека нештата ќе бидат ОК. Ако не бидат пак ќе разговараме…“
2.Не ги користете како оружје зборовите изговорени во расправијата
„Ако додека се расправате личноста каже нешто што ви пречи, кажете му дека тие зборови ве повредиле и дека предизвикуваат фрустрации кај вас“. Ова е предлогот на психологот Мишел Голанд, експертот за советување партнери од Лос Анџелес. Немојте да ги помните и да ги користите како арсенал за враќање на непријатните коментари во идните расправии, туку согледајте ги добиените информации од сите аспекти. Имајте на ум дека кога се расправаме често изговараме работи што не ги мислиме или погрешно сме ги формулирале. Воздржете се и од засебните коментари по кавгите.
3.Немојте да се фокусирате на причините за расправија
Замислете дека вашиот сопруг заборавил да земе пари од банкомат иако вие сте го замолиле да го стори тоа? Оваа заборавност е доволна причина за кавга, која што сте ја решиле при првотот излегување. Сепак вие и понатаму ја спомнувате таа заборавност, па таа и понатаму ве попречува да уживате во остатокот од денот.
Наместо да приговарате, подобро е да се одлучите за мирно изразување на сопствените емоции.
4.Не велете: „Не мислев така“
Кога ќе му ја кажете оваа реченица некому кого сте го повредиле со вашите зборови е исто како да се обидете да избришете нешто напишано со фломастер на хартија. Таа ја влошува ситуацијата, затоа што другата страна на тоа страна ќе ви одговори: „Да, го мислеше“ и така расправијата ќе продолжи, наместо да се прекине. Вербалните препреки од овој тип не носат никакви резултати, па затоа не се препорачуваат помеѓу партнерите, пријателите или членовите на семејството.
5.Немојте ладнокрвно да ја одбивате желбата на партнерот за секс
Ако сте сте скарале со партнерот, по расправијата тој можеби ќе предложи секс, иако тоа вам воопшто не ви паќа на ум. Наместо арогантното вртење на грбот, подобро е да посегнете по некоја понежна реакција. Прегрнете го и кажете му дека моментално не сте расположени, но дека можеби другиот ден ќе се предомислите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и му го демолирал „Бе-ем-ве“то
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Расправија во приватна амбуланта: Пациент се карал со докторите, не сакал да го плати прегледот
-
Го нападнал со нож поради расправија за паркирано возило