Повторно Шпанија и за првпат Италија ќе ни бидат противници на патот до настап на Светското првенство во Русија 2018 година, заедно со селекциите на Израел, Албанија и на Лихтенштајн кои се „паднаа“ во Г групата заедно со Македонија.
Ова е веројатно најтешката квалификациска група, а мисијата на македонските фудбалски репрезентативци ќе биде исклучително тешка.
Шпанија и во овој циклус за настап на ЕП 2016 година ни е противник, а втората најтрофејна репрезентација на светот со 4 мундијалски титули, Италија, за првпат ќе ни биде противник во квалификациски циклус. Израел е една од најнезгодните селекции од четвртиот шешир, а не има победено двапати во квалификациски мечеви од два меча, додека во голем подем е и Албанија. Селекција која има голема шанса да игра на следното ЕП во Франција во 2016 година.
Само Лихтенштајн е аустајдер во Г групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.