| четврток, 6 декември 2018 |

Земан: Ако во Чешка масовно се упатат исламисти, лично ќе земам пушка!

Во случај исламските милитанти во поголем број да влезат во Чешка, претседателот на државата Милош Земан, иако не е војник, како што самиот изјави – ќе земе пушка и ќе  се бори, јави дописникот на МИА од Прага.

CR_ZEMAN_927

Тоа Земан го напиша на интернет одговарајќи на прашања на читателите на порталот „Парламентни листи”.

Според Земан, поголем ризик од милитантите се нелегалните бегалци и тој смета дека границите треба да ги чува војската.

Земан, додаде дека планира во Обединетите нации да предложи формирање меѓународни сили за борба против тероризмот, кои би биле ударна команда, а не огромна единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top