
Безбедносните служби на земјите од Европската унија се ставени во состојба на максимална тревога поради заканата од нови терористички напади на исламски терористи, кои доаѓаат преку Балканот, пишува италијанскиот весник „Република“.
Терористите поради поразите ја напуштаат исламска држава во Сирија и Ирак и се обидуваат, особено преку балканските рути, да стигнат до западна Европа со задача да вршат напади, објавува весникот, посочувајќи дека Европската унија ги блиндира своите граници, особено откако на аеродромот Орли во Париз беше убиен исламски терорист.
Република истакнува дека сите безбедносни сили на ЕУ се во состојба на најголема подготвеност, вклучувајќи ја и Италија која на 25-ти март во Рим ги пречекува шефовите на државите и владите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


