| четврток, 6 декември 2018 |

Почина повредениот функционер на ДУИ

Повредениот стружанец, кој денеска околу 13.15 часот беше застралан во родната Струга, им подлегнал на повредите во струшката болница.

Од МВР засега нема официјални податоци ни за состојбата, ни за идентитетот на повредениот маж. Неофицијално се работи за 42-годишен маж, висок фунционер за ДУИ.

Според официјалните првични информации денеска на улицата „Маркс и Енгелс“ од возило „голф“ во движење било пукано во едно лице, кое веднаш е пренесено во болница.

На местото каде се случи инцидентот во моментот увид врши јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top