| четврток, 6 декември 2018 |

Иста песна пред сите избори, па редовно пораз за СДСМ (видео)

Истата тактика, празни ветувања и чукање во гради - секоја година СДСМ ги повторува истите прочитани чекори.

Politika88-SDSM-Kongres-1

Вообичаено за оваа опозициската партија е што пред избори се сили, создава лажна еуфорија, само за да го мобилизира членството. Вообичаено е и после секои избори доживуваат разочарување и се соочуваат со револтот од граѓаните и исклучително слабата поддршка.

Популизмот и удирањето во гради дека ќе се победи на избори, а без притоа да се испорача програма, работа на терен и да се понуди реален концепт е веќе традиција во СДСМ, анализира „Курир“.

И претходно, на изборите во 2008, 2011 и последните 2014 година, како и на локалните и претседателски избори кои се одржаа во тој период,  како на филмска лента Зоран Заев, Радмила Шекеринска и врвот на СДСМ гласно викаа дека ќе победат и дури правеа комбинаторики какви влади ќе составувале.

Таквата самобендисаност и лажно парадерство темелено на неискреност, неработа, одлепеност од народот, и немање на програма и концепт за иднината ги доведуваа до последователни изборни фијаска. Тие на крајот го признаваа изборниот пораз, иако вината ја бараа во народот, а не во СДСМ.

Јани Макрадули пред 2011 викаше дека Бранко тресе.

Црвенковски, пак, цврсто уверен гласно говореше дека ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ и блефираше повикувајќи постојано на избори.

Потоа, кога Груевски сигурен во поддршката во народот и со цел да се скрати политичката криза наметната од СДСМ се согласи на избори, Бранко излезе и повторно се силеше кога посочи дека каков и изборен законик да се донел само да се каже денот на избори и СДСМ ќе била тука и ќе победела. Тој, заедно со целото раководство Заев и Шекеринска до него гласно убедуваше дека СДСМ ќе победи.

Како по правило СДСМ со истата реторика, секои избори ги опишува како неминовни да се срушела власта и доколку тоа не се случило следувало пропаст.

Исто така дел од еуфоријата на СДСМ која секои избори е дежаву и веќе видена е потребата да се докажува бројноста- па така за секој митинг СДСМ велеше дека е најголем, па се лицитираше со смешно големи и нереални бројки од 50, 60 па дури и 100 илјади присутни.

На последните избори 20014 година повторно СДСМ убедуваше дека ќе победи. Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води на сите анкети двојната победата се ближи.

Шекеринска на изборите во 2008 и во 2011 година повторуваше иста работа, дека народот се прекршил и одлучил и дека СДСМ сигурно ќе победи. Тие многу често ветуваа нереални работи, наместо конкретна програма со рокови и проекти тие ветуваа општо работи, необмислени, а добри за уво.

Со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим. Иако најголемиот демант пристигнуваше на изборите каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од граѓаните.

На 9 мај 2011 година Шекеринска викаше дека Груевски е пред капитулација.

Исто така и навредите беа редовен декор во нејзината политичка битка како и нереалните ветувања.

Зоран Заев на изборите во 2014 та кој ги загуби со над 200 илјади гласови викаше дека тој ќе е идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика.

После целата лажна еуфорија, која сега СДСМ и Заев ја повторуваат на денот на изборите следуваше соочување со реалноста и одговор на народот што значеше тежок пораз и изборно фијаско за СДСМ.

За СДСМ и тогаш народот беше крив.

Додека раководството на СДСМ смислуваше стратегија да го оправда поразот, народот славеше на улиците.

Истото СДСМ Заев и Шекеринска го повторуваат и во овој период знаејќи дека наредната година земјавата ја очекуваат избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top