Во воздушен напад на американски авион во источен Авганистан убиен е високо позициониран командант на Ал Каеда, преку коминике соопшти министерот за одбрана Ештон Картер, цитиран од американските медиуми.
Картер соопшти дека на 11 јули загинал Абу Халил ал Судани, кој раководел со самоубиствени и бомбашки напади во земјата.
Судани организирал операции против антиталибанската коалиција во Авганистан, против авганистанските и пакистанските војници, и тесно соработувал со лидерот на радикалната мрежа Ајман Завахири.
Во воздушниот напад загинале уште двајца екстремисти, додаде Картер, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Ербил, главниот град на ирачки Курдистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



