ДИК го прифати и третиот приговор од ВМРО-ДПМНЕ за Струмица. Ќе има прегласување на 7 април. Ова е епилогот од жестоката расправа на комисијата по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларности во изборните места 1727, 1730, и 1734.
Приговорите беа прифатени со четири гласа „за“ и со три „против“. Покрај членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на жалбите гласаше и членот од ДПА, Бедредин Ибраими. Против беа претставниците предложени од СДСМ и од ДУИ.
Поради поништувањето на резутатите од трите избирачки места, актуелниот градоначалник го загуби цензусот од 51,49 процент во првиот круг. Ако и по прегласувањето на 7 април Заев не обезбеди цензус, во Струмица ќе има втор круг избори.
Вкупниот број гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата гласале 2.553 граѓани. Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, а 1.034 за Васил Пишев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата