| четврток, 6 декември 2018 |

Николета Лозанова ја растури врската на Шарапова и на Димитров

Вистински спортски калабалак со епилог раскин на врската меѓу Марија Шарапова и Григор Димитров е во фокусот на вниманието и е хит во финишот на жешкиот јули.

Шарапова и Димитров ја прекинаа љубовната дружба, а причина за раскинот е бугарската убавица Николета Лозанова, која има дете со поранешниот бугарски репрезентативец Валери Божинов.

Димитров ја изневерил Шарапова со се уште актуелната сопруга на Божинов и тоа е вистинската причина за завршување на љубовната приказна на тениската двојка. Лозанова е во процес на бракоразводна парница со Божинов, а таа успеала да го заведеб надежниот бугарски тенисер.

nikoleta

Комплетен калабалак кој доведе до разијдување на популарната „сибирска мачка“ како што ја нарекуваат Шарапова и тенискиот освојувач на женски срца, Димитров. Бугарскиот тенисер претходно беше во врска и со Серена Вилијамс.

maria-sharapova-bikini-fit-los-cabos-mexico__oPt

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top