| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцер-почетник фатен со три килограми марихуана на автобуската во Охрид

Млад охриѓанец, кој досега никогаш не бил вмешан во трговија со дрога или каков било друг криминал, во центарот на Охрид бил фатен со три килограми марихуана набавена од Албанија.

svercer pocetnik

 

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, Секторот за внатрешни работи Охрид за лицето Џ.И. (24) од Охрид поднесе кривична пријава.

Имено, вчера (28.03.), околу 11 часот, кај пријавенниот се пронајдени околу три килограми опојна дрога марихуана запакована во три најлонски опаковки облепени со селотејп трака. Пријавениот Џ.И. две опаковки сокрил во две помали вреќи, а третата опаковка ја завиткал во пешкир. Потоа, трите опаковки ги завиткал со платно и ги сместил во црвена платнена патна торба. Пријавениот  ја набавил опојната дрога од лице во Албанија за сума од 500 евра. А, имал намера да ја пренесе и преку свои канали да изврши натамошна продажба на наркопазарот во Скопје.

Полициските инспектори го приведоа Џ.И. во близина на автобуската станица во Охрид откако претходно со такси-возило направил обиколка низ повеќе улици во градот. Инаку, пријавениот е лице кое досега не е познат на службата како извршител на вакви и други казнени дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top