По завршувањето на полицискиот увид, утврден е идентитетот на момчето што вчера вечерта беше усмртено откако во него удри товарен воз кај Новоселски Пат, кој сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево.
Станува збор за 27-годишниот Крсто К. од Скопје, кој на повредите здобиени од ударот им подлегна на лице место. Неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукација.
Полицијата ги утврдува причините за несреќата, а како што неофицијално вчера објавија дел од медиумите, Крсто извршил самоубиство, поминувајќи ја пругата кога возот поминувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.