| четврток, 6 декември 2018 |

ОН против новиот закон за тероризам на Канада

kanada

Комитетот за човекови права на ОН изразил загриженост во врска со новиот канадски закон против тероризмот, наведувајќи дека тој би можел да биде во спротивност со меѓуанродните норми за човекови права.

Законот против тероризмот, кој го усвои канадскиот парламент во јуни, им олеснува на разузнавачките служби, граничарите и полицијата да следат и апсат потенцијални осомничени за тероризам.

Во извештајот објавен вчера, комитетот на ОН изразува загриженсот дека законот и дава на канадската влада големи овластувања но и дека не содржи доволно правни одредби за да се заштитат политичките и граѓанските права на поединците.

Критичарите наведуваат дека законот ќе им ја олесни работата на безбедносните служби при следењето на Канаѓаните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top