Три години по разводот со неговата трета сопруга, актерката Кејти Холмс, Том Круз повторно ќе се жени, тврди списанието „Стар“.
Педесет и тригодишниот холивудски заводник, наводно, е вљубен во својата асистентка Емили Томас (22) и планира да ја запроси.
– Том до уши е вљубен во Емили, а и таа го чувствува истото за него. Нивни блиски пријатели велат дека наскоро двојката ќе се сврши – открил доброупатен извор.
Том и Емили се запознале минатата година кога актерот ја ангажирал да му биде десна рака во текот на снимањето на продолжението на филмот „Невозможна мисија“.
Aктерот првпат се ожени во 1987 година со Мими Роџерс, со која се разведе три години подоцна. Со Никол Кидман во брак беа 11 години, а ги посвоија Изабела (22) и Конор (20). Со Холмс ја има ќеркичката Сури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




