| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки херои во Турција! (видео)

doktori

Сè повеќе фудбалските поделби се видливи во светот. Без разлика на нација, вера или боја на дресот што се носи.
Секако, поделбите имаат јасни и дефинирани граници, а, секако, една од тие е и меѓу Турците и Грците.
Со фудбалски речник кажано, постои нетрпеливост меѓу нив на терените, но хуманиот пример што се случи пред два дена носи јасна порака.

Експедицијата на грчкиот тим Олимпијакос се подготвува за новата сезона во Турција, од таму и можноста да се одигра некој пријателски натпревар со некој турски тим.
Пред два дена Олимпијакос и Ференбахче одиграа пријателска средба во која победи турскиот гигант со 3-2. Сепак тоа што се случи по натпреварот привлече внимание во светот.
Излегувајќи од стадионот по натпреварот, медицинскиот тим на Олимпијакос предводени од главниот доктор Кристос Теос налета на навивач на Фенербахче облечен во клупските бои, кој имаше епилептичен напад. Без размислување целиот лекарски тим му пружи повеќе од потребнa помош и ја дочекаа Брзата помош, која го одведе навивавачот во болница.

И покрај големиот број збунети навивачи на домашниот тим, кој, секако, овој настан го снимија со своите мобилни телефони, присебноста и хуманоста на грчките доктори не познава фудбалски граници.

Наградени со аплауз од сите присутни, докторите, откако си замина амбулантото возило, си заминаа како херои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top