| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Договорот со кредиторите е направен да не успее

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во интервју за страницата на интернет „ПресПроџект“ објасни зошто гласал „да“ за вториот пакет-реформи.

varufakis

– Мојата цел е, и покрај несогласувањето со нашето дејствување по меморандумот, одржување на единството на СИРИЗА, поддршка за Алексис Ципрас и Еуклид Цакалотос – рече Варуфакис.

Сепак, тој изрази сигурност дека неговиот глас „нема да ѝ помогне на Владата кон заедничката кауза“.

–  А тоа е поради договорот на евросамитот, кој ги вклучува овие две мерки, и кој е направен да не успее – истакна тој.

Тој објасни дека гласал „да“ за да ѝ помогне на партијата да добие време „за да може да го планира новиот отпор кон авторитаризмот и продлабочување на кризата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top